Bekim Laci
22 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Преписот на албанската историографија и на Балканот во целина, е заложник на недостатокот на експерти на јазикот од стариот турски и отомански период во принцип, велат за Anadolu Agency (АА) надлежните, коментирајќи го последниот конкурс на Министерството за образование и наука, кое донесе одлука да се доделат 20 стипендии за додипломски и постдипломски студии за старо - турски јазик.
Доц. Д-р Аднан Шериф од секторот за прилагодување и обработка на архивски материјали при Државниот архив вели дека има итна потреба од познавачи на османслискиот јазик, пред сè поради фактот што оваа територија пет векови била под управа на Османлиското владеење, додека познавачите на јазикот и османлиското минато ќе овозможат обелоденување на минатото врз основа на изворните податоци. Како што објаснува тој, по осамостојувањето на Македонија во 1991 година, кога беше потпишан договорот со архивaтa на Истанбул, познавачите на Османлискиот јазик редовно носеле материјали во земјата, и како што вели, тој самиот донел околу 20 илјади документи кои имаат врска со минатото на територијата на Република Македонија, на вилаетите во Скопје, Битола и Солун.
- Над 90 проценти од сите документи се наоѓаат во Државниот архив-
"Сите документи кои ги поседуваме, за жал не можат да се обработат, бидејќи имаме само двајца ориенталисти кои го знаат јазикот и историјата на Османлиското владеење, еден од нив сум јас. Токму поради овие причини Архивата, заедно со надлежните во Министерството за образование и надлежните од Катастарот, гледајќи ја потребата, преку Министерството за образование покренавме едуцирање на кадар кој ќе биде во можност да ја обработи оваа обемна документација", вели Шериф.
Како илустрација го кажува податокот дека лично тој бил присутен за време на потпишувањето на договорот меѓу катастарите на Македонија и Турција во Анкара пред четири години, кога биле донесени во Македонија околу два милиони документи.
Историчарот Карим Лита, во моментов заменик-директор на Државниот архив, за АА вели дека неодамна Турција скенирала 25 милиони документи и ја пофали тогашната Влада дека прави големи напори објавувајќи ги тие документи од османлиски јазик на турски, кои во отсуство на познавачи на старотурскиот јазик ќе бидат од голема помош и за албанските истражувачи.
"Архивата има само еден османолог (албанец), што не е доволно, бидејќи ние се занимаваме со обемен материјал. Имаме потреба на неколку османолози, оваа одлука треба да се поздрави надевајќи се дека овие кадри ќе придонесат за откривање на историјата на Албанците од османлискиот период, но, исто така и во обелоденувањето на историјата на Балканот во целина", вели Лита.
Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани, за Anadolu Agency (АА) рече дека конкурсот за кој станува збор не е доволен во смисла на откривање на минатото од османлискиот период, поради тоа што, како што вели, конкурсот предвидува обука за вработените во однос на јазичниот аспект а не во содржински.
Како што е наведено, Институтот во соработка со професионални институции на Турција е во висока подготовка на студиската програма за Отоманското владеење, каде е предвидено да предаваат експерти од Турција, кои ќе ја обработат петвековната историја на владењето, со што истражувачите преку мастер програмата ќе се професионализираат во однос на јазикот и историјата од тој период.
"Институтот му предлага на Министерството дека овој обид да се вклучи и оваа студиска програма да се стимулира, бидејќи ефектот ќе биде обостран а не како што беше објавен конкурсот сега, само за преведувачи на отоманскиот јазик, а во нашата програма за изучување на османлискиот период, освен за јазикот научникот ќе добие познавања и за научното истражување на османлискиот период ", рече Асани.
Конкурсот на Министерството за образование за доделување на 20 стипендии за додипломски и постдипломски студии по старо-турски јазик предвидува секој кандидат на кој ќе му се даде стипендија да потпише договор со Министерството за образование и наука, по завршувањето на студиите да работи најмалку 10 години во Република Македонија.
Кандидатите кои успешно ќе ги завршат своите студии, по враќањето во Република Македонија им се обезбедува работа во Државниот архив на Република Македонија, Институтот за историја на Националната академија на науките и уметностите на Македонија или во која било друга соодветна институција.