Besar Ademi
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во новиот Универзитетот во Скопје „Мајка Тереза“ денеска се одржа првиот академски час во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а во 2017 година се очекува да започне изградбата новиот објект во касарната „Илинден“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во составот на Универзитетот „Мајка Тереза“ се пет факултети, односно факултетот за општествени науки, компјутерски науки, технолошки науки, технички науки и факултетот за инженерство и архитектура.
Вршителот на должноста на ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азиз Положани, во своето обраќање пред академскиот кадар на универзитетот и студентите, рече дека во европски контекст, знаењето и компетентноста се клучни за развојот и благосостојбата, а за нас претставува пат што води до достоинствено вклучување во европското семејство
„Градот Скопје, главниот град на Македонија, е административен, политички, економски и културен центар на Македонија, но, исто така, зазема важно културно, економско и социјално место во регионот“, рече Положани.
Од друга страна, министерот за образование и наука на Република Македонија, Пиштар Љутфиу, рече дека денес земјата отвори нова страница во историјата, а на иднината на оваа земја и се дава нова можност за интелектуално и професионално формирање. Тој додаде дека на младината на оваа земја и се нудат смерови кои се во согласност со барањата, времето и светот, смерови кои според него ги гарантираат темелите за безбедна иднина во Македонија.
„Универзитетот ‘Мајка Тереза’ не доаѓа како резултат на некој злокобен план за локален бирократизам, но доаѓа како резултат на жртвувањето на патриотите во текот на годините, како потреба на времето за подигање на стандардите во наставата, како барање за интелектуална моќ на многу динамичниот пазар на трудот и како водич за насоката во која веќе се движи нашиот народ во оваа земја“, рече Љутфиу.
Според изјавата од пред неколку дена на министерот Љутфиу, според конкурсот за запишување на студентите се предвидени 1.220 места во првата година за сите пет факултети, но в.д. на ректорот Азис Положани не го објави точниот број на студенти, а рече дека вториот рок на уписите продолжува и утре.
Во моментов, бројот на ученици на петте факултети на Универзитетот во Скопје е мал. Во врска со ова, Положани изрази уверување дека ќе создаваат оптимални правни и инфраструктурни услови за оптималнa и квалитетна настава.
„Овие училници не се мали. Доволни се за технички области кои според Болоњскиот процес и стандардите одобрени во Македонија се во овој број. Друга работа е што ние сме навикнати да гледаме училници со 500 студенти и да велиме дека се врши квалитетна настава. Затоа, решивме да ги стандардизираме училниците во согласност со законските барања. Правните критериуми во Македонија велат дека ние сме должни да организираме настава и со над пет студенти“, истакна Положани.