Nazmi Abduramani
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Десетици специјализанти се собраа денеска пред Министерството за Здравство на Република Македонија, да го изразат револтот, како што велат, од игнорантскиот однос на Министерството кон нив. Тие носеа транспаренти во рака со зборовите: "Сакаме плата, ние сме лекари не сме студенти", "Германија,чекај ме доаѓам", јавува Anadolu Agency (AA).
Менсур Џафери, специализирант во Клиниката за детски болести во Скопје, изјави дека се собраа да го изразат својот револт на Министерството за здравство и неговото однесување кон нив,вели тој, наведуваќи дека надлежното министерство игнориран барањата и проблемите истакнати во петиција потпишана одамна од страна на 350 лекари специјализирани и идни специјализирани.
"Ние сме тука да кажеме гласно "не" за нов начин на давање на нашите испити, и "не" на видео-снимка и директен пренос на интернет на нашите испити. "Не" на работата без ниедна плата и без здравствено осигурување и пензија, не за лихварски договори и меници од над 60 илјади евра. Не за дискриминација по основ на болест или породилно отсуство, не за дежурства од 24 часа кои не се платени, не дискриминација, угнетување, јавно понижување и деградирање на лекарите специјализанти" , изјави Џафери.
Тој додаде дека ова се случува, особено сега кога имаме појава на голем одлив на лекари во странство. Специјализираните лекари, исто така, му посочија на Министерството за здравство дека нема да се откажат од своите барања и ќе ги искористат сите демократски начини за тие да се исполнат тие. Специјализантите се жалат дека така наречените приватните специјализанти, имаат статус на невработени лица и за нивната специјализација треба да се само-финансираат, како и втората група на специјализирани лекари така наречени државни кои се обврзани да работат во клиниките каде што работеле долго време без оглед на условите.