АНКАРА (АА) - СУЛЕЈМАН ТУНЧ -
Експертите за меѓународни односи и безбедност велат дека е започната психолошка операција преку која Турција и САД ќе се соочат една против друга, и дека можно е да се реализираат некои провокативни акти за ставање крај на операцијата „Извор на мирот“, кои до јавноста ќе бидат пренесени преку невистинити вести, пишува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили (ТСК) заедно со Националната војска на Сирија успешно ја продолжуваат операцијата „Извор на мирот“, додека одвреме-навреме се објавуваат манипулативни тврдења во врска со настаните што се случуваат во зоната каде што се реализира оваа операција.
Постоеше обид погодувањето на терористичките позиции во рамките на самоодбраната, по вчерашните напади извршени врз граничните караули во јужниот дел на Суруч од ридовите што се наоѓаат околу 1000 метри југозападно од набљудувачката точка на САД, до светската јавност да се пренесе како да била погодена набљудувачка точка на САД.
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека не може да дојде предвид погодувањето на војниците на САД и коалицијата.
Проф. д-р Месут Хаки Џашин, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Једитепе“, даде изјава за новинарот на АА во врска со невистинитите вести дека била погодена набљудувачката точка на САД, при што рече дека во рамки на операцијата „Извор на мирот“ Турција ги известила воздухопловните лица, затоа, според него, американските војници или припадниците на паравоените сили не треба да бидат присутни во регионот.
„Да сакаше Турција ќе ги погодеше, но Турција не е непријател на Америка. Пред сè, ние сме сојузници во НАТО. Ваквите саботажи според мене се прават за да се спречат Турските вооружени сили“, рече Џашин, укажувајќи на можните провокации што може да се направат во текот на операцијата.
„Во Пентагон се наоѓаат војници кои ја поддржуваат операцијата на Турција, а не го слушаат претседателот Трамп и некои команданти. Всушност, тоа е вина на Американската војска. Според Воениот кривичен законик, Американската војска треба да го казни својот офицер. Според Воениот кривичен законик, непочитувањето на наредбата од страна на војник се смета за бунт“, додаде тој.
Џашин истакна дека присуството на американските војници во регионот се смета за кривично дело според меѓународното кривично право.
„Турција отворено рече: „Повлечете се од тука“. Американските министерства за одбрана и за надворешни работи потврдија дека ќе се повлечат. Што барате таму?“, нагласи Џашин, укажувајќи на соопштението на турското Министерство за национална одбрана дека не извршиле напад врз набљудувачката точка на САД.
„Некои сакаат две земји членки на НАТО да отворат оган една против друга“, рече тој.
Според него, во наредните денови може да се реализираат слични саботажи, и додаде: „Можно е да се вршат напади врз нашите авиони или тенкови, и можно е (одговорноста) да му ја префрлат на друг. Израелските авиони може да реализираат тајна операција против Турција.“
- „Тоа е целосна провокација“
Од друга страна, проф. д-р Чагри Ерхан, ректор на Универзитетот „Алтинбаш“, истакна дека терористите на ЈПГ/ПКК извршиле напад кон турската страна од местата близу американските набљудувачки точки во северниот дел на Сирија.
Ерхан рече дека оваа терористичка организација намерно ја избрала оваа точка за да изврши напад. „Постои само една цел за тоа. Се обидуваат да создадат имиџ дека американските набљудувачки точки се таргетирани од страна на Турците“, нагласи тој, додавајќи дека целта на вестите оти била погодена американската набљудувачка точка е вршење провокација.
„Американците треба да бидат многу внимателни тука. Оваа операција започна како резултат на договорот постигнат меѓу Турција и САД. Тие известија дека ги повлекле сите војници од зоната каде што се реализира операцијата. Но, сега Америка треба да остане во зоната каде што се реализира оваа операција, и да ја спречи ЈПГ/ПКК да изврши напади од местата близу точките чии кординати ги споделиле со Турците. Тоа е целосна провокација“, додаде тој.
- „Вршат два големи маневри“
Мете Јарар, експерт за безбедносни политики, нагласи дека ЈПГ/ПКК пред оваа операција предупредила дека може да направи маневри преку кои турско-американските односи ќе ги стави во незгодна ситуација.
Јарар истакна дека тие што сакаат да ја нарушат операцијата многу добро ги знаат сензитивните точки на претседателот на САД, Доналд Трамп, и на американската јавност.
„Вршат две големи маневри. Едната маневра е следната: ги знаат игрите на социјалните мрежи преку кои Турција и Америка ќе се соочат една против друга, и преку кои сакаат овој случај да го прикажат како турско-курдски конфликт. Второ: прават бројни нешта преку кои ќе се создаде имиџ дека Турција намерно ги напаѓа американските војници“, рече тој.
Од друга страна, Абдулах Агар, експерт за безбедност и тероризам, рече дека една од истакнатите светски новински агенции објавила вест дека американските војници вршат патрола во Тел Абјад, но дека всушност во регионот нема Американци.
Агар потсети дека се вршат напади врз цивилите во Акчакале и Нусајбин, и додаде: „Една организација, која вели дека постои за Курдите, ги погоди Курдите и Арапите. Потоа рече дека ги погодила Турција.“
Тој рече дека Турција ги погодила терористите на ЈПГ/ПКК близу набљудувачката точка на САД.
„Веднаш по овој случај, Брет Мекгурк, поранешниот специјален претставник на САД за борба против ДЕАШ, на Твитер напиша: „Турција особено погоди“. Некои сакаат Турција и САД да се соочат една против друга. Се обидуваат да влијаат врз американскиот мозок и од внатре на терен и од надвор. Односно, вршат валкана операција, јавна дипломатија и психолошка операција преку која Турција и САД ќе се соочат една против друга. Појавена е ваква слика на ризик“, нагласи Агар.