Şerife Çetin
09 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во однос на операцијата „Извор на мирот“ што ја започна Турција, рече дека верува оти Турција ќе биде умерена и активностите ќе ги спроведува воздржано и контролирано, пренесува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг по средбата со премиерот на Италија, Џузепе Конте, во Рим одржа прес-конференција на која истакна дека Турција го информирала НАТО во врска со операцијата „Извор на мирот“.
„Турција има легитимнa безбедноснa загриженост. Беше подложена на страшни терористички напади“, нагласи Столтенберг додавајќи дека земјата истовремено е домаќин на голем број на бегалци.
Истакнувајќи дека Турција треба да се воздржи од чекори кои ќе ја зголемат напнатоста и нестабилноста во регионот Столтенберг нагласи дека истовремено треба да се заштитат придобивките постигнати против терористичката организација ДЕАШ.
Генералниот секретар на НАТО исто така наведе и дека в петок ќе допатува во официјална посета на Турција на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.