Besar Ademi
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, од денеска е пуштенa вo употреба новата опрема за мониторинг на медиумите, финансирана од Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Вредноста на опремата изнесува околу 800 илјади евра, со којашто ќе се овозможи континуирано 24-часовно снимање на програми од радијата и лиценцираните ТВ-канали.
%2F20161007_2_19447587_14814613.jpg)
На крајниот настан со којшто се заокружува проектот од 2011 година „Обезбедување на проекти за мониторинг на медиумските содржини кои ги врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, директорот на агенцијата, Зоран Трајчевски истакна дека оваа опрема овозможува прием на сигналите на преносот од целата територија на Македонија, вклучувајќи ги и сигналите на сите оператори на јавните мрежи за електронски комуникации во земјата.
„Македонија се наоѓа на прагот на европската и евро-атланската интеграција во мировните и демократските земји со коишто споделуваме идентични вредности. Во оваа насока, развојот и модернизацијата на медиумските регулаторни дела треба да биде еден предизвик и додатно охрабрување за да се создава партнерство и доверба меѓу сите страни во општеството“, изјави Трајчевски.
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, истакна дека слободата на изразување и на медиумите е основно човеково право и основа на европските вредности. Тој истакна дека различните внатрешни и странски извештаи покажуваат дека слободата на изразување и на медиумите во Македонија претставуваат сериозен предизвик
„Секое општество и демократија имаат потреба од функционирање на механизмот за балансирање и слободните медиуми се клучот за гаранција за ова. Граѓаните треба да имаат доверба во медиумите како кон еден јавен наблудувач. Медиумите треба да се однесуваат професионално, да не покажуваат стандарди само во текот на изборите, туку тие треба да ги почитуваат тие стандарди секој ден. Вашата земја посакува да стане членка на ЕУ и мора да се залага за европски вредности, вклучувајќи ја и нивната промоција, што претставува главен критериум за членство на ЕУ“, изјави Жбогар.