Emre Gürkan Abay
05 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
МОСКВА (АА) - Во Русија е забранет пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Федералната агенција за информатичка технологија и надзор на масовните медиуми на Русија се наведува дека Фејсбук ги дискриминирал руските медиуми.
Се наведува дека Фејсбук ги цензурира руските медиуми како што се „РИА Новости“, „Раша тудеј“ и „Спутник“.
„Одлучено е да се блокира пристапот до Фејсбук на територијата на Русија“, нагласи Федералната агенција за информатичка технологија и надзор на масовните медиуми на Русија.