Senita Şeherçehayiç
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
САРАЕВО (AA) - Министерката за одбрана на Босна и Херцеговина, Марина Пендеш, ја предводи делегацијата на Министерството за одбрана и Вооружените сили на БиХ, која од 24-ти до 26-ти февруари ќе допатува во службена посета на Министерството за одбрана на Република Македонија. Посетата ќе се одвива во согласност со Планот за билатерална воена соработка помеѓу двете министерства за 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на посетата планиран е состанок со министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, посета на Центарот за обука на пилоти, средба со питомците од БиХ кои се наоѓаат на школување на Воената академија, како и присуство на конференцијата организирана од фондацијата „Никола Кљусев” на која инистерката Пендеш ќе им се обрати на учесниците на конференцијата на тема „Интеграција на БиХ во НАТО и ЕУ”.
Во составот на делегацијата, покрај министерката Пендеш, ќе допатува и помошникот на министерката за одбрана за меѓународна соработка, Зоран Шајиновиќ, заменикот началник на Заедничкиот штаб на ВС на БиХ, генерал мајор Мирко Тепшиќ и шефот на Канцеларијата за односи со јавноста при министерството, Ума Синановиќ.