Во Скопје се одржува регионална конференција за судска пракса во на врховните судови
Регионалната конференција за судска пракса на врховните судови ја организира Врховниот суд на Република Македонија во соработка со Мисијата на OSCE во државата ????? ????????
30 Октомври 2015•Ажурирај: 01 Ноември 2015
СКОПЈЕСКОПЈЕ (АА) – Пичитувањето и примената на одлуките на Европскиот суд за човекови права, како и усогласувањето и хармонизирањето на законските прописи со европските стандарди е неопходен предуслов за обезбедување правна сигурност на граѓаните е заеднички став на учесниците на регионалната конференција “Судската пракса на Врховниот суд и Европскиот суд за човекови права како неопходен предуслов за обезбедување на правната сигурност на граѓаните“, на која учествуваат претседатели на врховните судови и судии од Македонија,Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Конференцијата се одржува по повод одбележување на 70-години од основање на Врховниот суд на Македонија.
Светлана Вујановиќ, судија во Врховен суд на Црна Гора во изјава за АА, вели дека на конференцијата, во рамките на своето излагање ќе се осврне на праксата на Европскиот суд за човекови права од аспект на правото на правната сигурност и спроведување на правото на правично судење, член 6 од Европската конвенција.
" Начелото на правна сигурност или начелото на судската пракса е едно од темелните права на кои се темели довербата на сите граѓани во правосудството", изјави Вујановиќ.
Мевсуда Плоскиќ, судија во Врховниот суд на Босна и Херцеговина, вели дека државното уредуваењ во оваа земја е такво да има два ентитети, два врховни суда и нема Врховен суд на ниво на државата.
“На конференцијата зборувам за влијанието на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур на нашиот правосуден систем, на пресудите на Врховниот суд, а кратко ќе презентирам еден специфичен случај на Европскиот суд за човекови права. Што се однесува на имотните права кај нас е голем проблем на војните станови, така да ќе видиме како ние го применуваме нашето домашно право во врска со пресудите на Европскиот суд за човекови права” , истакна Плоскиќ.
“Ние ја почитуваме секоја одлука на Европскиот суд за човекови права и ги применуваме во нашата работа. Поголемиот дел од нашите законски прописи е веќе усогласен и хармонизиран со Европските стандарди“, изјави за АА, Јанко Лазовиќ, судија во Врховниот суд на Србија.
Регионалната конференција за судската пракса на врховните судови ја организира Врховниот суд на РМ во соработка со Мисија на OSCE во земјава.