МВР: Од 19 јуни до сега издадени над 190 илјади потврди
Во периодот од 19.06.2015 до 30.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 192.810 странски државјани, соопшти МВР
????? ????????
30 Октомври 2015•Ажурирај: 01 Ноември 2015
СКОПЈЕ СКОПЈЕ (АА) - Во периодот од 19.06.2015 до 30.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 192.810 странски државјани, од кои, 119.014 се од машки пол, 27.699 се од женски, 37.032 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.065 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-125.713, потоа Авганистан-38.006, Ирак-14.924, Пакистан-4.233, Иран-3.240, Палестина-1.651, Сомалија-965, Бангладеш -901, Конго-491, Нигерија-256, Камерун-222, Еритреја-212, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 29.10.2015 до 30.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .