МВР: Вчера издадени 3.534 потврди на странски државјани
Во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 3.534 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил????? ????????
29 Октомври 2015•Ажурирај: 30 Октомври 2015
СКОПЈЕВо текот на вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 3.534 странски државјани, од кои 1.931 се од машки пол, 552 се од женски, 891 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 160 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР, јавува Anadolu Agency (AA).
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан –1.711, Сирија-1.238, Ирак-334 додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 29.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 189.957 странски државјани, од кои, 117.537 се од машки пол, 27.203 се од женски, 36.401 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.816 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-124.309, потоа Авганистан-36.920, Ирак-14.761, Пакистан-4.175, Иран-3.146, Палестина-1.644, Сомалија-964, Бангладеж-896, Конго-491, Нигерија-251, Камерун-222, Еритреја-212, додека останатите се во помал број.