Kristina Maslareviç
04 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Република Србија и Руската Федерација, традиционално, имаат добри пријателски односи, последната посета на Руската Федерација тоа и го потврди, рече премиерот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој додаде дека Србија еден дел од долгот кон нафтената индустрија ќе ѝ го исплати на Русија на почетокот на следната година, додека другиот дел од долгот ќе биде преземен како јавен долг и ќе биде исплатен на пет рати, во периодот од 2016 до 2018 година.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Руската Федерација на поддршката која ни ја пружи во УНЕСКО, на поддршката во Советот за безбедност на ОН, благодарни сме за личниот однос и за секое место каде што пружа поддршка на независноста и суверенитетот на Србија“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека односите и понатаму се развиваат и дека постои желба да станат уште подинамични, додека за економските односи верува дека ќе бидат со уште подинамичен и побрз раст од досега.
„Ние нашето пријателство со Руската Федерација не мислиме да го изгасиме, да го нарушиме и не мислиме да го уништиме“, рече Вучиќ.
Наведувајќи дека премиерот на Русија, Дмитри Медведев, ја прифати неговата покана за посета на Србија а дека таа посета ќе се реализира во првата половина на следната година, рече Вучиќ:
„Ние очекуваме тоа да биде уште една потврда на конкретните проекти во кои влеговме заедно и од кои како Република Србија и очекуваме. Ние сме мала земја, не можеме да направиме и да и помогнеме на Русија онолку колку што може таа нам, но сметаме дека сме коректен партнер и таа своја коректност ја покажуваме и докажуваме со тоа кога за Русија беше тешко, Србија на Русија не ѝ заби нож во грбот“.
Сергеј Лавров наведе дека ги цени односите кои се развиваат помеѓу двете земји, со уважување на интересите на двете страни и дека партнерството е зголемено во текот на последната посета на Вучиќ на Москва.
„Односите помеѓу нас не се оптоварени со некакви исполитизирани размислувања, со обиди да се воведат некои рестриктивни мерки, а сето тоа овозможува интензивно развивање на трговската и економската соработка“, рече Лавров.
Тој наведе дека стоковата размена во текот на минатата година во износот е малку помала, но според физичкиот обем продолжува да расте па минатата година е зголемен извозот на земјоделски призводи на Србија во Русија, кој продолжува понатаму.
„Цврстите економски темели на нашата соработка даваат гаранција за понатамошни проекти кои ќе бидат од взаемна корист“, наведе Лавров и додаде дека руските претпријатија се заинтересирани за приватизациските планови во Србија.
„Ние го поддржуваме ставот на Србија за обезбедување на нормален живот, стабилност и взаемна соработка на Балканот. Освен тоа, и ние и Србија се потпираме на нормите на меѓународното право, ги браниме начелата кои се втемелени со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 по прашањето на Косово. Кога е во прашање БиХ, цврсто се залагаме за Дејтонскиот договор и не ги поддржуваме обидите овој договор да се заобиколи“, наведе министерот за надворешни работи на Русија.