Ivana Ramadanova
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, синоќа организираше вечера за тимот спасувачи што пристигна од градот Истанбул, Република Турција, кои активно се вклучија во справувањето со последиците од големите поплави од минатата сабота, јавува Anadolu Agency (AA).

Трајановски изрази голема благодарност за помошта што спасувачите од Истанбул ја даваат на терен во овие тешки моменти за Скопје, покажувајќи голема хуманост, храброст и солидарност. Тој упати благодарност и до градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш, за испратената помош и за укажаната голема поддршка за Скопје.
Екипа спасувачи од Истанбул, составена од 32 лица, со 11 возила и механизација, веќе пет дена престојуваат во Скопје и помагаат во расчистувањето на последиците од поплавата.