политика

Грција ризикува да ги изгуби ЕУ-фондовите поради нелегалното враќање на мигрантите

Ризикот доаѓа како резултат на истрагата на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, за 12 отворени случаи на потенцијално кршење на човековите права на мигрантите на грчките граници

Ahmet Gençtürk  | 10.04.2025 - Обновена : 13.04.2025
Грција ризикува да ги изгуби ЕУ-фондовите поради нелегалното враќање на мигрантите

Atina

Грција ризикува да ги изгуби фондовите на Европската Унија (ЕУ) поради нелегалното туркање назад на мигрантите, објави денес „Политико“, пренесува Анадолу.

Ризикот доаѓа како резултат на истрагата на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, за 12 отворени случаи на потенцијално кршење на човековите права на мигрантите на грчките граници - најголем број тековни истраги од агенцијата во кои е вклучена земја членка на ЕУ, објави медиумот со седиште во САД.

Се истакнува дека најголемиот дел од случаите се поврзани со туркањето назад на мигрантите од страна на грчките службеници за миграција на копнените граници и на море, што е нелегално според Конвенцијата на Обединетите нации за бегалци и меѓународното право.

„Политико“ вели дека Фронтекс најавил дека ќе даде конкретни предлози за Грција да ги имплементира, со потенцијални последици доколку се тие се игнорираат.

„Извршниот директор на Фронтекс изјави дека очекува спроведување на сите овие препораки. Во спротивно, ќе земе предвид намалување или прекин на кофинансирањето (на пловилата на Грчката крајбрежна стража финансирани од Фронтекс)“, рече портпаролот на агенцијата Крис Боровски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.