Ekip
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) останува претпазлива поради пакетот нови санкции на САД за Русија, поради стравот дека мерките што ги одобрија Конгресот и Сенатот можат да ја загрозат енергетската безбедност и да влијаат на европските компании, јавува Anadolu Agency (AA).
Александер Винтерстејн, портпарол на Европската комисија, рече дека европските претставници внимателно ќе набљудуваат како законот, доколку стапи на сила, ќе се применува во практиката.
Тој додаде дека загриженоста на ЕУ се однесува на последниот предлог-закон, но оти во врска со тоа ќе бидат внимателни.
Предложените мерки се во насока на рускиот енергетски сектор, како дел од законот којшто го спречува претседателот Доналд Трамп да ги ублажи санкциите кон Москва без одобрение на Конгресот.
Трамп допрва треба да го одобри пакетот мерки.