Betül Yürük
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ВАРШАВА (АА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон, изјави дека со одлуката за одвојувањето на Велика Британија од Европската унија, Британија нема да и го врти грбот на Европа на полето на одбраната и безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателите и премиерите на 28 земји-членки на НАТО и земјите партнери се собраа на Националниот стадион во Варшава, каде Полска како земја-домаќин го организира Самитот на НАТО. Како еден од учесниците на Самитот преиерот на Британија Камерон даде кратка изјава за претставниците на медиумите.
„Велика Британија се одвојува од ЕУ, но тоа не значи дека и го вртиме грбот на Европа на полето на одбраната и безбедноста", изјави Камерон.