Furkan Naci Top
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
АТИНА (АА) - ФУРКАН НАЏИ ТОП - Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за европските прашања, Јоргос Катругалос, изјави дека очекува напредок во односите на Турција и ЕУ во наредните неколку месеци.
Зборувајќи за преговорите за кипарското прашање, односно за преговорите за обединување на турскиот и грчкиот дел на Кипар, Катругалос изјави дека во врска со тоа прашање има позитивни очекувања и надеж во смисла на постигнување конкретни резутати колку што е можно поскоро.
Тој за интервју за Anadolu Agency (AA) нагласи дека е од двостран интерес „оживувањето на преговорите за членство на Турција во ЕУ“.
„Очекуваме напредок во односите на Турција и ЕУ во наредните месеци“, порача Катругалос и додаде дека Грција не се согласува со мислењата на радикалните десничарски кругови во Европа коишто сметаат дека преговорите меѓу ЕУ и Турција требаат да бидат прекинати.
Кога станува збор за неиспорачувањето на осумтемина пучисти, членови на терористичката организација ФЕТО кои по државниот удар во Турција, на 15 јули минатата година, со воен хеликоптер побегнаа во Грција, Катругалос изјави дека настојувале да се избегнат штети во односите на двете земји.
„Меѓутоа, во тој случај одлучува грчкото правосудство. Ние се надеваме на најдобро кога се во прашање идните односи на нашите земји“, изјави Катругалос.