Elvir Hociç
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
БЕЛГРАД (AA) -Во обраќањето на јавноста во изборната ноќ Борис Тадиќ рече дека според резултатите очекува сигурно поминување на цензусот и влез на коалицијата СДС-ЛДП-ЛСВ во Собранието на Република Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека моменталните показатели укажуваат дека коалицијата популарно наречена "Чеда-Борис-Чанак", освои околу пет отсто на гласови и дека го преминува цензусот, Тадиќ рече дека сепак мора да се причекаат конечните резултати.
„Имаме сознанија за бројни неправилности за изборниот процес и секако ќе бараме проверка на сите тие податоци", рече Тадиќ и додаде дека нема воздржаност кон резултатите на сопствената коалиција, туку кон резултатите на изборниот победник на Странката на напредна Србија (СНС).
Тадиќ рече дека и во текот на изборниот ден зборуваше на неправилностите и манипулацијата на изборниот процес, како и за селективното информирање со посредство на јавните медиуми.
„Србија нема демократија која ја имавме 2012 година и ние ќе се бориме за враќање на демократијата во парламентот во кој очекуваме да влеземе", итакна Тадиќ
"Им честитам на сите кои влегоа во парламентот, но во коалиција со СНС не би влегле. Ние во таа коалција нема да влеземе" , рече Тадиќ.
Челникот на Либералната демократска партија (ЛДС), Чедомир Јовановиќ, рече дека нема проблем да ги прифати резултатите но како "срамен" го оцени процесот на пребројување на гласовите.
„Секоја чест на секој кој денес гласаше, но срамен е процесот на броење на гласовите и оние кои резултатите почнаа да ги објавуват уште во девет часот а се уште немаме јасна слика", нагласи Јовановиќ.
Инаку, според првите неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори во Србија, најголем дел од гласовите освои коалицијата собрана околу Српската напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ.
Според податоците на Центарот за слободни избори и демократија (Цесид), врз основа на 31 отсто од гласовите, коалицијата собрана околу СНС има 52 отсто од гласовите, Социјалистичката партија на Србија 13,6 отсто, Српската радикална странка (СРС) на Воислав Шешељ за 7,2 отсто, а Демократската партија (ДС) 5,5 отсто од гласовите.