İnci Gündağ
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Терористичката организација ДАЕШ најчесто употребува оружје со потекло од Соединетите Американски Држави (САД), Русија и поранешниот Советски Сојуз, се вели во извештајот на Амнести Интернешнал (АИ), јавува Anadolu Agency (АА).
Во извештајот на Амнести Интернешенел кој се однесува на вооруженоста на ДАЕШ, се наведува дека долгорочната слаба контрола врз протокот на оружје во Ирак, ДАЕШ успеала да осигура смртоносно арсенал оружје со кое на територијата на Ирак денеска спроведува воени злосторства и злосторства против човештвото.
"ДАЕШ поголемиот дел од оружјето кое го користи денес го доби по пат на грабеж на ирачката армија, и овие се оружја кои се дизајнирани и произведени од страна на Русија, Кина, САД, Германија, Франција, Велика Британија и некои други земји од Европската унија (ЕУ)", пишува во извештајот во кои постојат бројни анализи на фото и видео материјал.
Исто така се наведува, како членовите на ДАЕШ откако ја презеле контролата на ирачкиот град Мосул, во јуни 2014 година, заплениле големо количество на ирачка муниција и оружје и воени возила кои потекнуваат од САД.
"ДАЕШ сега користи оружје и муниција кои потекнуваат од најмалку 25 земји, најголем дел од оружјето е по потекло од САД, Русија и поранешниот Советски Сојуз, кои биле украдени од ирачката армија", се вели во извештајот.
Оружје кое припадниците на ДАЕШ денес најчесто го користат се пушки, митралези и други противтенковски оружја произведени 70-тите и 90-тите години.