Министерот Муцунски во интервју за АА го истакна придонесот на турските инвеститори во земјата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски: „Еден од најголемите проблеми на глобално ниво во моментов е тоа што има толку многу конфликти.“

АНТАЛИЈА (АА)
- Сумеје Дилара ДИНЧЕР / Шилан ТУРП
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, изјави дека турските инвеститори во многу области, вклучително и инфраструктурата, банкарството и здравството, дале позитивен придонес за деловното опкружување на Северна Македонија, известува Анадолу.
Муцунски, кој учествува на Форумот за дипломатија во Анталија (ФДА) кој се одржува во Конгресниот центар NEST во туристичкиот регион Белек, каде Агенција Анадолу (AA) е „Глобален партнер за комуникации“, одговараше на прашањата на дописникот на АА.
Муцунски изјави дека е среќен што учествува во ФДА и дека форумот е многу добро организиран настан со квалификувани говорници од политиката, академската заедница, граѓанското општество и различни области од животот.
Зборувајќи дека Туркије има позитивна улога на Западен Балкан, Муцунски истакна:
„Особено кога ќе погледнеме на нашата инфраструктура, банкарство и здравство, има многу успешни инвеститори во овие области кои доаѓаат од Туркије. Овие компании даваат многу позитивен придонес за деловното опкружување во нашата земја.“
Муцунски рече дека Туркије е елемент на политичка стабилност и дека нејзиното сојузништво во НАТО има позитивно влијание врз Балканот.
- „Ќе работиме заедно со Туркије за развој и зајакнување на билатералните односи“
Оценувајќи дека билатералните односи со Туркије се одлични, Муцунски рече дека првиот гостин на кој бил домаќин по преземањето на функцијата бил министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан.
„Верувам дека имаме голем потенцијал на полето на економијата, трговијата, политиката, образованието и културата. Ние сме два народа кои се историски испреплетени и имаат голема почит еден кон друг. Затоа, нашата влада ќе покаже силна решеност да работи со Туркије за развој и зајакнување на билатералните односи“, изјави Муцунски.
Муцунски потсети и дека повеќето од повредените во пожарот што резултираше со смрт на многу луѓе во Кочани во март се на лекување во Туркије.
„Тоа се случи благодарение на силната и ефикасна поддршка на претседателот (Реџеп Таип) Ердоган и мојот драг пријател, министерот за надворешни работи, Хакан Фидан. Дозволете ми да кажам дека сме ѝ благодарни на вашата влада, на вашите здравствени работници кои сè уште се грижат за некои од нашите млади луѓе и најмногу на турскиот народ.“
- „Го поддржуваме решението за две држави“
Осврнувајќи се на израелското кршење на прекинот на огнот и обновувањето на неговите брутални напади врз Појасот Газа, министерот Муцунски го изјави следното:
„Еден од најголемите проблеми на глобално ниво во моментов е тоа што има толку многу конфликти.“
„Како народ го поддржуваме решението за две држави во нашата надворешна политика“ рече Муцунски по прашањето за Палестина, нагласувајќи дека се за интеракција меѓу страните за изнаоѓање решение и запирање на загубата на животи во регионот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.