Mahmut Geldi
03 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
РИЈАД (AA) – Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, имаа телефонски разговор за меѓународни и регионални теми меѓу кои се и последните случувања во Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската новинска агенција СПА јави дека разговорот е реализиран синоќа и дека меѓу останатото е разговарано за посетата на саудискиот престолнаследник Мохамед бин Салман и неговата делегација во САД.
Салман рече дека во таа прилика се реализирани низа состаноци кои се во интерес на двете земји и се потпишани низа договори. Посетата наиде на позитивни реакции во двете земји.
Саудискиот крал истакна дека е неизбежно оживување на мировниот процес на Блискиот Исток со меѓународни напори.
Тој повтори дека ставот на Саудиска Арабија, кога станува збор за палестинското прашање, е непроменет и дека палестинскиот народ има право на државата Палестина со Ерусалим (Кудс) како главен град.
Саудискиот крал рече дека неговата земја вложува напори за решавање на кризата во Јемен и доставување хуманитарна помош. Тој, освен тоа, рече дека е потребно со решавањето на сириската криза и територијалната целовитост, да се исполнат барањата на народот.
Трамп рече дека е потребно да се спречат заканите на Иран, кој се обидува да ја наруши стабилноста на регионот, и ја поздрави улогата на Саудиска Арабија, кога станува збор за воспоставување стабилност.
Двајцата лидери укажаа на важаноста од меѓународните напори во борбата против терористичката организација ДЕАШ во Ирак и Сирија.