Ata Ufuk Şeker
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Високиот комесар на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини тврди дека ЕУ и Турција се соочуваат со истиот проблем на бегалската криза и дека си се потребни едни на други за надминување на оваа тешка ситуација, јавуваAnadolu Agency (АА).
По пристигнувањето во Брисел за да присуствува на самитот на лидерите на ЕУ и Турција, шефот на европската дипломатија Могерини истакна дека ЕУ и Турција поминуваат низ период на тешка криза.
"Во Турција завршија новите избори и формирана е влада која ќе биде на власт неколку години. Во Турција треба да се воспостави конструктивен и континуиран дијалог за многу прашања, вклучувајќи го прашањето за бегалската криза. Тоа е исклучително важно за да се воспостави дијалог на највисоко ниво на процесот на интеграција, отворање поглавја и прашањата на бегалците", рече Могерини.
Коментирајќи го вчерашниот вооружен напад во Дијарбакир, Могерини изрази сочувство до семејството на убиениот претседател на Адвокатската комора во градот, додавајќи дека треба да се обнови процесот на решавањето на курдското прашање во Турција.