Ekipa
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - По обидот за државен удар во Турција, каде што една мала група војници поврзана со терористичката организација ФЕТО се обиде да го преземе кормилото на власта, со реакција се огласија и лидерите на верските институции во Турција, јавува Anadolu Agency (АА) .
Во заедничката декларација за медиумите објавена од страна на лидерите на верските заедници меѓу кои се наоѓаат Претседателот на Управата за верски прашања на Турција Мехмет Ѓормез, истанбулскиот патријарх Вартоломеј и главниот рабин на Еврејската заедница во Турција, Исак Хелева се вели: „Ние како религиски претставници на нашите граѓани евреи, христијани и муслимани, и заедно со нашите (верски) заедници, жалиме поради терористичките случувања кои се причина за неиздржливи маки, што го реметат мирот на нашата убава држава. Еден од заедничките основи на божествените религии е љубовта. Човековата љубов, љубовта кон околината и кон другите живи суштества е неразделивиот дел на оваа света љубов”.
Понатаму во заедничката декларациија се вели: "Од кого и од каде и да дојде, тероризмот и насилството во никој случај не може да се легитимни и не може да се оправдаат. Да убиете еден човек е како да го убиете целото човештво, ова не е прифатливо. Поради ова, ние ѝ соопштуваме на почитуваната јавност дека ќе направиме сѐ што можеме за да се спречи тероризмот и насилството во нашава земја и ќе направиме сѐ за правдата и љубовта да владеат во нашата земја.
На крајот од изјавата верските лидери од Турција наведуваат дека тероризмот и насилството треба да се отстранат и од земјата и од целиот свет.