İlker Girit
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили приведоа шест осомничени членови на ДАЕШ во антитерористичките акции денес во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според безбедносни анонимни извори, тимот од антитерористичкиот оддел на истанбулската полиција, упаси шестмина осомничени членови на ДАЕШ, вклучувајќи тројца странски државјани, во истовремените акции на две локации, еден во Багџилар, и друг во населбата Есенлер, на европската страна на градот.
Акциите на полицијата започнале откако таа добила информации дека осомничените имаат отворено книжарници во истанбулската населба Султабејли, на азискиот дел на градот, од каде што ги дистрибуирале книгите со цел да регрутираат членови во терористичката група ДАЕШ.
Полицијата, исто така, заплени пушка, муниција и дигитални документи.
Покрај тоа, Турскиот Национален полициски штаб во понеделникот испрати известување до 81 полициска покраинска служба предупредувајќи на можни терористички напади од страна на ДАЕШ на државниот празник 19-ти мај, Денот на Ататурк, Младите и Спортот.
ДАЕШ изврши неколку самоубиствени напади во Турција од 2015 година наваму.