Elena Trenchevska Chekovic
22 Јуни 2025•Ажурирај: 23 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, по нападите на Соединетите Американски Држави (САД) врз иранските нуклеарни објекти, ги поддржа акциите на САД за одржување на глобалната безбедност, пренесува Анадолу.
На социјалната платформа X, Муцунски истакна дека Северна Македонија „во овој клучен момент го потврдува своето цврсто противење на пролиферацијата на нуклеарното оружје што го загрозува регионалниот мир и глобалната стабилност“.
„Ги признаваме напорите на САД за справување со оваа закана и ја поддржуваме глобалната безбедност“, напиша Муцунски.
Тој нагласи дека мирот бара одвраќање и дипломатија поткрепена со решителност.
САД рано утрово фрлија шест бункер-разбивачки бомби врз нуклеарниот објект Фордо во Иран и извршија десетици напади со крстосувачки ракети лансирани од подморници врз две други локации во Иран, таргетирајќи ја нуклеарната програма на земјата.