Almir Terzic
01 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
САРАЕВО (АА) - Седмите локални избори во Босна и Херцеговина од потпишувањето на Дејтонскиот договор и четвртите избори кои ги спроведува Централната изборна комисија, ќе бидат одржани утре, 2 октомври. Денес, сабота, со почеток во седум часот, на сила стапи изборниот молк за време на кој на политичките субјекти и кандидати, но и на медиумите им е забрането секакво политичко претставување и огласување. Изборниот молк ќе трае до утре, до 19:00 часот, односно до затворање на бирачките места во БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во БиХ формирани се 5.469 изборни места и 318 мобилни тимови преку кои граѓаните утре, 2 октомври, ќе можат да гласаат од 7:00 до 19:00 часот.
Бирачкото право ќе може да се оствари со покажување на еден од важечките документи за идентификација на бирачкото мессто. Бирачот добива комбинација на гласачки ливчиња кои му припаѓаат по законот.
На денот на изборите ќе бидат отворени 5.205 редовни бирачки места, 130 за гласање во отсуство, 134 бирачки места на кои гласачите ќе гласаат лично.
Во Централниот бирачки список запишани се вкупно 3.263.906 гласачи кои ќе имаат можност да гласаат на локалните избори во БиХ.
Централната изборна комисија на БиХ на 25 август донесе одлука за заклучување и потврдување на Централниот избирачки список за локалните избори 2016 година во БиХ.
Од вкупно 3.263.906 гласачи, 1.634.000 или 50,06 отсто се жени, додека 1.629.906 или 49,94 отсто се мажи. Од вкупно 3.263.906 гласачи, 605.888 или 18,56 се помлади од 30 години додека 2.658.018 или 81,44 се постари од 30 години.
Во БиХ има вкупно 1.945.399 гласачи, додека во Република Српска има 1.231.850. Во подрачјето Брчко евидентирани се вкупно 86.657 гласачи.
Освен 131 градоначалници на општини и 10 градоначалници на градови, на локалните избори 2016 година се бираат и 3.136 советници од кои 26 претставници на националните малцинства.
Инаку, на изборите учествуваат 451 политички субјект од кои 102 се политички партии, 103 коалиции, 171 независен кандидат, 17 листи на независни кандидати, 52 независни кандидати во име на 52 групи на граѓаните и шест независни кандидати во име на шест здруженија на граѓани.
Истовремено се очекува 142 општински градски изборни комисии да акредитираат над 40.000 набљудувачи кои ќе ги надгледуваат бирачките места на самиот ден на изборите.