Bekim Laci
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Седумдесет и пет невладини организации (НВО), преку писмото испратено до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Фредерика Могерини, Високиот Европски комесар Јоханес Хан, како и други релевантни организации, вклучувајќи ги и амбасадите на западно-еврпските земји во Македонија, кои бараат спроведување на вистински реформи за фер и слободни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставничката на оваа платформа, Билјана Бејкова, рече дека поминало повеќе од седум месеци откако Европската комисија ги усвои итните приоритети за реформи и препораките од "Извештајот Прибе" на експертите.
"За жал, во текот на овие седум месеци не бевме сведоци на вистински реформи кои се потребни за надминување на политичката криза во земјата. Наместо почитување на основните вредности на ЕУ, сеуште сме сведоци на недемократските процеси, не-почитување на човековите права и кршењето на Уставот на Република Македонија ", рече таа читјќи го писмото кое го доставија во седиштето на Европската Унија во Скопје.
Во писмото на невладините организации, се вели дека не се преземани конкретни чекори за деполитизација на судството, нема јасни сигнали дека судскиот надзор и остнанатите институции функционираат, нема конкретни мерки за деполитизација на јавната администрација и не се преземени мерки за да се одвојат партиските активности од државните активности.
Ирена Стевковска, исто така член на невладиниот сектор, во име на граѓаните на Република Македонија, рече дека бара од меѓународната заедница да постапува на праведен начин и да се спроведат вистинските реформи за фер и демократски избори.
"Инсистирањето само за датумот на изборите, без да бидат претходно спроведени реформите за фер и слободни избори, може само да доведе до продлабочување на политичката криза во Република Македонија. Ние бараме јасно да ги осудите едностраните преземања и спротивно на уставната одлука за избори на 24 април 2016 од страна на Собранието, во отсуство на поголем дел од опозицијата ", рече Стевковска читајќи делови од писмото упатено до адресата на меѓународниот фактор.
Активистите на граѓанските организации рекоа дека очекуваат Европската унија се уште да биде нивен сојузник и партнер во борбата за демократизација на Македонија.
"Во спротивно, со жалење ќе треба да се заклучи дека ЕК учествува во прекршување на демократијата, човековите права и владеењето на правото во земјата", рекоа невладините организации.