Aşkın Kıyağan
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ВИЕНА (АА) - АСКИН КИЈАГАН -
Невладините организации во Австрија бурно реагираа на масакрите на мјанмарската војска врз муслиманите во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
Мјанмарската војска и будистичките монаси веќе низа години вршат насилство врз муслиманите во Аракан, во близина на границата со Бангладеш.
Многу организации за заштита на човекови права, меѓу кои и „Amnesty Internactional“ (Амнести интернешнал) масакрите во Аракан ги нарекуваат геноцид.
Портпаролката на Европскиот совет за Рохинџа (ERC) Анита Шуг, вчера изјави дека припадниците на војската во последните три дена умсртиле меѓу две и три илјади муслимани.
Муслиманите и невладините организации во Австрија, како и оние од целиот свет, ги осудија масакрите врз муслиманите во Аракан и ги повикаа меѓународните институции да заземат порешителен став.
Претседателот на Исламската заедница во Австрија (IGGO), Ибрахим Олгун, за АА изјави дека од 2011 година, условите се драматично влошени за муслиманското малцинство, а упадите и насилствата се зачестени.
Тој потсети дека Мјанмар го лишила муслиманското малцинство од човековите права.
„Исламската зедница во Австрија најостро го осуди нечовечкото насилство што Мјанмар го применува врз араканските муслимани“, изјави Олгун, кој ги повика меѓународните организации колку што е можно побрзо да интервенираат за да се стави крај на масакрите.
Претседателот на Исламската заедница на Бошњаците во Австрија, Есад Мемиќ (IZBA), изјави дека тиранијата што се случува во Аракан е загрижувачка.
Тој потсети дека луѓето од раѓањето имаат одредени права.
„Овие луѓе во Аракан се лишени од основните човекови права. По ова прашање, меѓународната зедница има голема одговорност“, изјави Мемиќ.
Смета дека сите членови на големото семејство на човештвото треба заедно да дејствуваат за да се искорени тиранијата, со крајна цел живот во мир.
Челникот на „Bangladesh Islamic centre“ (Исламски центар Бангладеш) во Австрија, Фарук Ал Мадани, изјави дека нема вистински зборови за да ја опише тиранијата што се случува во Мјанмар.
„Исламските земји треба уште погласно да му укажат на светот за овој проблем, за да се спасат од злото овие луѓе, чиј единствен грев е што се муслимани“, изјави Ал Мадани.