Kristina Maslareviç
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
БЕЛГРАД (AA) - Според најновите прелиминарни резултати на Републичката изборна комисија (РИК) на Србија на основа на обработени 97,46 отсто од избирачките места, листата "Александар Вучиќ-Србија победува", на вонредните парламентарни избори освои 48,25 отсто од гласовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на овие резултати коалицијата на Српската напредна странка (СНС) ќе има 131 пратеничко место во новиот состав на Собранието од вкупно 250.
Во Собранието според најновите резултати ќе влезат уште шест листи, а тоа се коалицијата СПС-ЈС, која на основа на 96,32 отсто обработени гласови основи 11,02 отсто, СРС 8,04 отсто, ДС 6,04, Доста је било- 5,95, СДС-ЛДП-ЛСВ 5,02, како и ДСС-Двери со 5 отсто кои се наоѓаат на линијата на цензусот.
Инаку, нужно е политичката партија да освои преку пет отсто гласови, колку изнесува изборниот праг за да учествува во распределба на мандати.