Furkan Abdula
02 Јуни 2023•Ажурирај: 04 Јуни 2023
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија за стапување на должност на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Кабинетот на претседателот на Северна Македонија.
Инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган ќе се одржи на 3 јуни 2023 година, сабота.
„По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја, што ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара“, се вели во соопштението.
Инаку, Врховната изборна комисија на Туркије официјално го прогласи Реџеп Таип Ердоган за победник на вториот круг од претседателските избори во Туркије, со 52,18 отсто од гласовите.
Вториот круг од претседателските избори во Туркије се одржаа на 28 мај.
Ахмет Јенер, претседател на Врховната изборна комисија на Туркије, соопшти дека конечните резултати покажале дека Реџеп Таип Ердоган добил 52,18 отсто од гласовите, а лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу 47,82 отсто.
Изборите на 14 мај беа дефинитивни за Парламентот, но на претседателските избори истиот ден ниту еден кандидат не доби 50 отсто од гласовите што беа потребни за целосна победа, иако претседателот Ердоган имаше водство.