Hasan Esen
23 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
ЛОНДОН (АА) - Анкетата на телевизискиот канал „Скај њуз“ (Sky News) покажа дека повеќето Британци не веруваат во Парламентот и Владата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето спроведено од 9 до 14 октомври со 1.563 испитаници, дебатите за одвојувањето од Европската Унија (Брегзит), мерките за штедење и ограниченото зголемување на платите негативно се одразија врз британскиот народ.
Истражувањето покажа дека 69 проценти од анкетираните Британци немаат доверба во Парламентот, а 59 проценти не веруваат во ЕУ.
На прашањето „Дали имате доверба во Владата?“, 62 проценти од испитаниците одговорија со „не“. Оваа стапка кај противниците на Брегзит изнесува 80 проценти.
Од испитаниците, 46 проценти изразија задоволство од премиерот Борис Џонсон, додека 49 проценти имаат спротивно мислење. Процентот на задоволни од тримесечниот мандат на Џонсон е помал од процентот на претходните пет премиери.
Незадоволството од главниот опозициски лидер на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, изнесува 55 проценти.
Истражувањето исто така покажа дека јавноста е песимистичка за економијата. Речиси тројца од петмина испитаници наведоа дека економијата на земјата во последните 12 месеци се влошува.