Aslı Aral
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Комесарот на Европската унија (ЕУ) од Велика Британија, Џонатан Хил, поднесе оставка на функција откако неговата земја со референдумот ја напушти унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Хил, кој беше задолжен за финансиска стабилност, финансиски услуги и унијата на пазарот на капиталот, денес изјави дека поднесува оставка.
Вчера беа објавени официјалните резултати на референдумот, кој беше одржан во четврток 23-ти јуни во Велика Британија, според кои 52 отсто од жителите на Велика Британија гласаа за излез од ЕУ.