Sinan Polat
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Министрите за надворешни работи на Турција и Русија, Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров денеска се состанаа во Белград, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јави репортерот на AA од Белград, на маргините на 22 заседавање на Советот на министри на OSCE, Лавров и Чавушоглу денеска одржаа состанок на кој разговараа за односите на Турција и Русија.
Состанокот е одржан зад затворени врати а главната тема беше кризата во односите помеѓу двете земји до која дојде поради неодамнешното соборување на рускиот авион поради повредата на турскиот воздушен простор.
Ова е прва средба на високите функционери на двете зејми по спомнатиот настан.