Emre Gürkan Abay
28 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека зголемената тензија меѓу земјите на Заливот е загрижувачка, истакнувајќи: „Тензиите не се зголемени само околу Иран, туку и меѓу арапските монарси“, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во својот говор во рускиот Совет за меѓународни односи, одржан во главниот град на земјата, Москва, истакна дека турбуленциите на Блискиот Исток сѐ уште траат.
Рускиот министер за надворешни работи пренесе дека терористичките организации на Блискиот Исток во последниот период претрпеле сериозни удари. „Но, за жал, корисното искуство стекнато во овој правец од страна на различни сили сѐ уште не вроди со една меѓународна коалиција против тероризмот поддржана од страна на ОН“, додаде тој.
„Според нас, зголемената тензија меѓу земјите на Заливот е загрижувачка. Тензијата не е зголемена само околу Иран, туку и меѓу арапските монарси“, истакна Лавров, потсетувајќи дека кризите во Либија, Ирак и во Јемен сѐ уште траат.
Сергеј Лавров изјави дека во последниов период, во ризик се голем број мултилатерални и конструктивни договори за соработка, пред сѐ нуклеарниот договор околу Иран.