Mahmoud Barakat
10 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Коалицијата предводена од десничарската партија Ликуд, на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, освои мнозинство места во Кнесетот (израелскиот Парламент), покажуваат прелиминарните резултати, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Коалицијата предводена од Ликуд зеде 65 места од вкупно 120 места во Кнесетот“, објави израелскиот дневен весник „Хаарец“, наведувајќи ги прелиминарните резултати.
Резултатите покажуваат дека Ликуд освоил 35 места, десничарската „Јахадут ха Тора“ освоила осум места, пет за „Израел наш дом“, четири за партијата Кулану, осум за партијата Шас и пет за Унијата на десничарски партии.
Сино-белата алијанса, предводена од пензионираниот генерал Бени Ганц, освои 35 места на вчерашните избори, централнодесничарската Лабуристичка партија освои шест места, додека левичарската партија Мерец доби четири места.
Доколку бидат потврдени, резултатите ќе му овозможат на Нетанјаху да ја формира идната израелска влада.
На вчерашните избори зедоа учество 40 партии, а одѕивот на гласачите изнесуваше околу 61 отсто.
Нетанјаху на изборите излезе соочувајќи се со обвиненија за корупција и поткуп во три случаи.
Ако успее да формира нова влада, тој ќе биде лидер со најдолг мандат во историјата на Израел.