Ekipa
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент ја обвини Унгарија дека игра „опасна игра” , а причината е денешното одржување на референдумот со прашањето „ Дали сакате ЕУ да пропише задолжително населување на неунгарските државјани во Унгарија дури и без согласност на Парламентот”, јавува Anadolu Agency (AA).
Шулц во интервју за германските медиуми, објавено денес, нагласи дека Унгарија мора да прими околу 2.000 мигранти под квотата. Додаде дека со референдумот, унгарскиот премиер Виктор Орбан го предизвикува легитимитетот на европските закони.
Исто така, им предложи на земјите кои не покажуваат солидарност со Европската унија по прашањето за мигрантите, да им се намали финансиската поддршка. Шулц ги повика европските лидери јасно да им порачаат на земјите на источна Европа дека „солидарноста не е едносмерна улица”, но истовремено ги одби повиците Унгарија да се исфрли од Европската унија.