Adel Ömeragiç
26 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорскиот парламент денеска ја продолжува расправата за доверба на Владата, а ако сите регистрирани делегати денес завршат со своите излагања, вечерва е предвидено и гласање за доверба на владата, јавува Anadolu Agency (АА).
Вториот ден од расправата започна со процедурално јавување на пратеникот од Демос, Горан Даниловиќ, кој рече дека е во салата на Собранието "не може да се дојде од вооружените лица кои ги обезбедуваат членовите на Владата."
"Одговорно тврдам дека вчера и денес има повеќе вооружени луѓе од било кога досега. Не е убаво, некој влегува на споредната а некој на влезната врата и да поминува низ разни безбедносни апарати", рече Даниловиќ.
За денешната дискусија се пријавени 40 пратеници, а на крајот завршен говор ќе има премиерот Мило Ѓукановиќ, кој е и иницијатор за доверба на Владата.
Првата седница вчера беше одбележана со жестока размена на обвинувања меѓу коалициските партнери, Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Социјалдемократската партија (СДП).
Премиерот Мило Ѓукановиќ изјави дека по гласањето за доверба на Владата веќе нема да има место за оние кои се навикнати истовремено да бидат и власт и опозицијата, мислејќи на СДП.
Од друга страна, претседателот на СДП, Ранко Кривокапиќ, рече дека "оваа влада бара поделба на Парламентот, послушници, а не работници."
Владата за да добие доверба, мора да биде поддржана од 41 членови.
Неколку десетици приврзаници на Демократскиот фронт (DF) се собраа денеска пред Парламентот на Црна Гора, каде што на видео-бим го следат продолжението на седницата за изгласување доверба на Владата.