Zylfije Adem Jakupi
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ПРИШТИНА
Собранието на Република Косово утре на пленарна седница, на иницијатива на Демократскиот сојуз на Косово ќе гласа за доверба на Владата на Косово, предводена од преиерот Албин Курти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вјоса Османи, претседателката на Собрението по состанокот на Претседателството на Собранието изјави дека со мнозинство гласови е одлучено седницата за доверба на владата да се одржи утре со почеток во 11 часот, иако непостојат адекватни услови за одржување на седницата во време на мерки против пирењето на новиот тип на коронавирусот. Таа истакна дека за одржување на седницата биле 4 членови на Претседателството, додека таа и уште еден член биле против.
Османи рече дека Националниот институт за јавно здравје на Косово препорачало оддалеченоста меѓу пратениците да биде најмалку 1,5 до 2 метри, а тоае невозможно да се обезбеди во пленарната сала во Собранието. На таа оддалеченост можат да бидат само 88 пратеници, а Собранието на Косово бори 120 пратеници.
Османи за новинарите изјави дека таа нема да гласа за предлогот на нејзината партија за рушење на Владата, а и останатите пратеници ги повика да гласаат против уривањето на владата.
Таа истакна дека евентуално новата техничка влада, во која не би учествувало Движењето „Самоопределување“, која има најголем број пратеници во Собранието, а тоа би значело дека и таа нема да остане на позицијата претседател на косовскиот Парлемент.
Демократскиот сојуз на Косово минатата недела поднесе барање до Собранието на Косово за гласање на доверба на Владата на Косово, бидејќи не се укинати даноците од страна на премиерот Курти и смената на министерот Велиу. Демократскиот сојуз на Косово, на чие чело е Иса Мустафа побара потполно укинување на даноците, како што тоа од Косово го побарааа Соединетите Американски Држави (САД).
Премиерот Курти во средата од должност го смени Агим Велиу, министерот за внатрешни работи на Косово, член на Демократскиот сојуз на Косово поради изјавата дека го поддржува прогласувањето на вонредна состојба, како и поради ширењето на паника меѓу граѓаните со изјавата дека бројот на заразени лица од коронавирусот се зголемува од час во час. Потоа во петокотм на 20 март Владата на Косово ги укина даноците од 100% на увоз на сировини од Србија и БиХ, а од 1. април даноците се укинуваат во потполност и се воведува реципроцитет. Премиерот на Косово Албин Курти кон крајот на февруари најави дека Владата на 15 март ќе започне постепено и условено укинување на даноците, меѓутоа на тој предлог се спротивстави Демократскиот Сојуз на Косово, кое е коалиционен партнер на Движењето „Самоопределување“ на Курти.