Besar Ademi
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) – Министерството за финансии и Секторот за буџети и фондови во период од две години ќе го спроведе твининг-проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на среднорочно буџетирање за ефективно управување со јавните финансии”, јавува Anadolu Agency (AA).
Активностите на проектот ќе се имплементираат во периодот почнувајќи од декември 2015 до ноември 2017 година, во насока на зајакнување на капацитетите за среднорочно планирање и известување, во согласност со методологијата од Европскиот систем на сметки (ESA), со главна цел подобрување на квалитетот на јавната потрошувачка во земјата.
Раководителот на одделот за политички работи на Делегацијата на ЕУ, Лукас Холуб, на презентацијата на проектот истакна дека ефикасните и транспарентни системи на јавните финансии се сметаат како основа за силни јавни средства.
“Таквиот систем ја подобрува одговорноста, кризите и ризиците за измамите и корупцијата, како и подобрување на работите кои се адресирани на земјата во последниве години во извештајот, изготвен од страна на Европска комисија“, рече Холуб.
Од друга страна, државниот секретар во Министерството за финансии, Игор Димитров рече дека подобрувањето на управувањето со јавните финансии и зајакнување на планираниот среднорочен буџет е клучен приоритет на Владата на Република Македонија во процесот на пристапување во ЕУ.
Димитров додаде дека активностите на овој проект и другите проекти финансирани од ЕУ покажуваат континирана соработка помеѓу Македонија и Европска комисија.
Проектот во вредност од 1 милион и 100 илјади евра има за цел да обезбеди одржливост на јавните финансии и нивно поефикасно управување со јавните расходи.