AP
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
РИМ (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека неговата прва посета на Европа, докажа дека има "големи можности" за економска, научна и културна соработка, јавува Anadolu Agency (АА).
Рохани третиот ден од престојувањето во Рим одржа прес-конференција на која наведува дека, по заедничките загуби поради претходно воведените санкции за Иран ", денеска се наоѓаме во ситуација каде што имаме заедничка корист."
Иранскиот претседател изрази надеж дека таквиот развој на настаните би можел да влијае на Соединетите Американски Држави (САД), но дека и Американскиот Конгресот стои на патот.
"Клучот е во Вашингтон, а не во Техеран", рече Рохани, кој денеска ќе го посети Париз.
Тој за медиумите изјави дека за време на средбата со шефот на Римокатоличката црква Папата Френсис зборувал за слободата на говорот по смртоносниот напад на францускиот сатиричен магазин "Шарли ебдо" минатата година.
Папата ја бранеше слободата на говорот, но рече дека е погрешно да се провоцираат другите религиии со навреди.