свет, политика

Русија соопшти дека преговорите со САД ќе се одржат утре во Истанбул

- „Втората рунда консултации со САД ќе се одржи утре. Местото, форматот и учесниците на преговорите не се променети. Консултациите ќе се одржат во Истанбул“, информираше Марија Захарова, портпаролката на руското МНР

Dmitri Chirciu  | 09.04.2025 - Обновена : 10.04.2025
Русија соопшти дека преговорите со САД ќе се одржат утре во Истанбул

МОСКВА (АА) - Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека утре во Истанбул ќе се одржат преговори со САД и додаде: „Состанокот ќе се одржи за да се отстранат пречките што ги отежнуваат дипломатските активности меѓу двете земји“, известува Анадолу.

Захарова зборуваше за односите со САД на нејзиниот неделен брифинг што се одржа во Москва.

Изјавувајќи дека на дневен ред е прашањето за повторна средба меѓу руската и американската делегација, Захарова истакна:

„Втората рунда консултации со САД ќе се одржи утре. Местото, форматот и учесниците на преговорите не се променети. Консултациите ќе се одржат во Истанбул.“

Информирајќи дека руската делегација ќе ја предводи Александар Дарчиев, амбасадорот на Русија во Вашингтон, а делегацијата на САД ќе ја предводи Соната Култер, заменик-помошникот државен секретар на САД за Русија и Централна Европа, портпаролката Захарова истакна дека на средбата ќе присуствуваат и претставници на министерствата за надворешни работи на двете земји.

„Средбата ќе се одржи за да се отстранат пречките кои ги отежнуваат дипломатските активности меѓу двете земји“, изјави Захарова.

Средбата меѓу двете делегации ќе се одржи во Генералниот конзулат на Русија во Истанбул.


- Руско-американски средби

Руската и американската делегација првпат се сретнаа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, на 18 февруари, каде што разговараа за прашањата поврзани со обновувањето на билатералните односи и решавањето на украинската криза.

Делегациите на САД и Русија ја одржаа својата прва средба во Истанбул на 27 февруари во резиденцијата на Генералниот конзулат на САД во Истанбул, за да разговараат за активностите на амбасадите во рамките на нормализацијата на односите меѓу двете земји. Средбата траеше приближно 6,5 часа.

Туркије останува посветена на својот придонес за мирот, и како домаќин на разговорите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.