Собранието го изгласа пакетот закони од Договорот од Пржино
Собранието на Р.М во рамките на 75 седница по скратена постапка ги донесе пакетот закони кои произлегуваат од Договорот од Пржино?????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
СкопјеСКОПЈЕ (АА)- Собранието на Република Македонија во рамките на 75. Седница по скратена постапка го донесе пакетот закони кои произлегуваат од Договорот на политичките партии за надминување на политичката криза (Договорот од Пржино) и последната лидерска средба во Клубот на пратениците, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Законот за заштита на приватноста, Законот за заштита на укажувачи и Законот за изменување и дополнување на Законот за Влада, како и одлуката за формирање на Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, кој беше поднесен од група пратеници.
Пратеникот Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека овие измени се носат во насока на резултатите од изборите кои е предвидено да се одржат во април наредната година, а направени се на начин да бидат прифатливи и прифатени од сите политички партии со цел да се заврши актуелната политичка криза во земјата.
Димовски истакна дека е предвидено Државната изборка комисија (ДИК) да се избира по нов модел- по тројца членови ќе ги предлага мнозинството, односно опозицијата, додека тројца ќе се бираат со консензус, треба да бидат лица кои ја претставуваат експертската јавност.
Исто така, предвидено е да се зајакне административниот дел на ДИК со воведување на позицијата генерален секретар со широки надлежности во спроведувањето на изборниот процес. Останува одредбата против одлуки и постапки на ДИК належен да одлучува ќе биде Управниот суд на Република Македонија. Останува и досегашниот изборен модел на шест изборни единици.
Измена има во делот на дијаспората каде пратениците ќе се бираат наместо на три мнозински на една пропорционална единица, а потребниот број гласови за да биде еден пратеник избран е минималниот број гласови кој што на претходните избори го добил пратеник избран во една од шесте изборни единици во Република Македонија.
Процентот на застапеност на помалку застапениот пол, односно женскиот пол, од 33 ќе се зголеми на 40 проценти така што покрај секое трето место на листата загарантирано за жените, во првите 10 ќе мора да има уште едно, а во вторите 10 дополнително уште едно.
Според Димовски, значајно е и што законот, вели тој, ќе гарантира еднаков и балансиран пристап на политичките партии до рекламниот простор, но и што по прв пат се внесуваат интернет порталите, односно електронските медуими кои ќе мора да работат во согласност со регулативата на Изборниот законик, а се однесуваат и на радиодифузните и на печатените медиуми.
Пратеничката Ермира Мехмети од ДУИ истакна дека е задоволна што во предвечерието на објавувањето на Ивештајот на ЕК за напредокот на земјата се донесуваат пакетот - закони од договорот од Пржино, кои според неа, прераснаа во дополнителни политички критериуми за Македонија.
Пратеничката Мехмети го поздради и фактот за поголема застапеност на жените и што иозборот за гласање на дијапосрата, вели, нуди подобро решение, но изрази резерва дека со изгласувањето на овој Изборен законик и менувањето на функционирањето на ДИК во иднина нема да има нерегуларности.
Рената Треневска Десковска од опозициската СДСМ потсети на оценките на партијата за последните параламентарни избори дека биле нелегитимни и нерегуларни поради како што рече, бројните изборни нерегуларности и злоупотреби вклучувајќи ја и веродостојноста на Избирачкиот список.
Предлог законот за заштита на укажувачи и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада на РМ, помина без расправа.