Kristina Maslareviç
04 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
БЕЛГРАД (AA) – Претседателот на Србија Томислав Николиќ, денес потпиша указ за распуштање на Народното собрание на Србија и одлуката за распишување на избори за народни пратеници, со што се распишани вонредни парламентарни избори кои ќе бидат одржани на 24 април годинава, јавува Anadolu Agency (АА).
„Владата во своето образложение наведе дека дојде време за испитување на поддршката затоа што реформите во кои влеговме се навистина сериозни, во кои требаше одамна да влеземе, многу болни за сите слоеви на граѓани. Потребно е граѓаните да се изјаснат дали ги поддржуваат тие реформи и дали се спреми до крај да ги поддржат за да еден ден живеат подобро или можеби постои некаква нова идеа, можеби довербата на граѓаните ја заслужува некој друг", рече Николиќ.
Тој додаде дека на граѓаните можеби им е тешко да трошат онолку колку Србија ќе заработу и дека досегашната Влад која во наредниот период ќе биде техничка направи многу, цел систем на реформи за кои сега бара да обезбеди нов мандат со цел да биде сигурна во она што го прави, да го работи по волја на граѓаните.
„Очекувам потполно фер и демократски избори, Србија сите свои политички пробеми ги решаваше и секогаш граѓаните на Србија беа во право кога ќе изберат. Така ќе биде и овој пат. Сите институции ќе функционираат, иако изборите се одржуваат на неколку нивоа, сите предизвици ќе ги надминеме, а ќе ги има во текот на кампањата, надворешни на кои не можеме да влијаеме" , рече Николиќ и објасни дека под надворешни притисоци првенствено ја в предвид мигрантската криза со која се соочува цела Европа.
На претседателот Николиќ вчера премиерот на Србија Александар Вучиќ, по одржана седница на Владата, упати предлог за распуштање на Народното собрание.