Средба на претседателите на Азербејџан и Украина
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, со официјална церемонија го пречека претседателот на Украина, Порошенко, во Баку.
Ekip
14 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
BakiБАКУ (АА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко, изјави дека состојбите во Нагорно-Карабах и Крим наликуваат една на друга, и додаде дека Украина не го признава, ниту ќе го признае ерменското окупаторско управување на Нагорно-Карабах, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, со официјална церемонија го пречека претседателот на Украина, Порошенко, во Баку.
Церемонијата беше организирана во претседателската палата Загулба, а по неа беше организирана двојна средба меѓу двајцата лидери.
По двојната средба, двајцата претседатели се приклучија на 5. азербејџанско-украински состанок на Советот на државни министри. При крајот на состанокот беа потпишани протоколи за култура, царина и уметност меѓу двете земји. И двата лидера се потписници на протоколот на Советот.
На заедничката прес-конференција, Алијев изјави дека посетата на Порошенко претставува зближување на двата народа, кое во иднина ќе донесе многу добри резултати.
Алијев истакна дека трговската размена меѓу Азербејџан и Украина е недоволна и додаде: „Следејќи ги упатствата на крајот од преговорите, двете земји ќе се зближат повеќе и не се сомневам дека ќе се зголеми и трговската размена“.
- Потребна е нова динамика во односите меѓу двете држави
Претседателот Порошенко рече двете е потребно двете земји да дејствуваат заедно во сменетите светски услови. „Потребна е нова динамика во односите меѓу двете држави. Потребно е ние заеднички, на еден соодветен начин, да реагираме на светот што се менува. Денеска ги воспоставивме потребните заеднички статешки договори меѓу Украина и Азербејџан и го утврдивме она што треба да се направи за нивно спроведување“, рече претседателот Порошенко.
Претседателот на Украина истакна дека со својот колега разговарале за авионот Антонов-178, кој се произведува во Азербејџан, додавајќи дека заедничкото производство ќе овозможи унапредување на односите меѓу двете земји.
Претседателот Порошенко рече дека состојбите во Нагорно-Карабах и Крим наликуваат една на друга и додаде дека Украина не го признава, ниту ќе го признае ерменското окупаторско управување на Нагорно-Карабах.
Во рамките на средбите во Баку, претседателот на Украина Порошенко подоцна се сретна и со премиерот на Азербејџан, Артур Расизаде.