Admir Fazlagic
03 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за национална одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, пристигна во Скопје, каде што со свечена церемонија беше пречекан од министерката за одбрана на Република Северна Македнија Радмила Шекеринска, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред платото на Министерството за одбрана на Северна Македонија беше организирана свечена церемонија во рамките на која следуваше интонирање на химните на Република Северна Македонија и Република Турција.
Според најавеното, од Министерството за одбрана на Северна Македонија, по церемонијата на пречекот, следуваше средба на Шекеринска и Акар, а потоа и средба на делегациите.

Предвидена е и заедничка прес-конференција на министрите за одбрана на Северна Македонија и Турција, Радмила Шекеринска и Хулиси Акар.
По средбата со министерката Шекеринска, најавено е дека турскиот министер Акар ќе се состане со претседателот на Северна Македонија Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, како и со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.