Tuğrul Çam
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Пред митингот на претендентот за републиканскиот кандидат на американските претседателски избори Доналд Трамп, во Чигаго, забележени се инциденти, јавува Anadolu Agency (AA).
Милијардерот и бизнисменот Трамп предизборната кампања во сојузната американска држава Илионис се подготвуваше да одржи митинг во салонот на Универзитетот Илионис, во рамките на кампањата во Чикаго. Во таа прилика стотици собрани лица демонстрираа против неговите "политики во врска со прашањето на бегалците" и поради неговите "расистички истапи".
Демонстрантите се собраа внатре и надвор од салонот, поради што екипите задолжени за кампањата на Трамп, одлучија поради безбедносни причини да го откажат митингот.
Откако е соопштено дека митингот е откажан, дојде до метеж помеѓу приврзаниците и противниците на Трамп. Дојде и до физичка пресметка помеѓу неколку лица. Интервенираше и полицијата, неколку лица се повредени.
Демонстрациите против политиката на Трамп се одржани и во Сент Луис, во сојузната држава Мисури. За време на тие демонстрации приведени се десет лица, а едно лице е повредено.
Демонстрации на митинзите на Доналд Трамп, се чести по неговите изјави за муслиманите и бегалците.