Ekipa
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во рамките на американската претседателска кампања, кандидатката од редот на демократите, Хилари Клинтон, во Индијана ги повика гласачите да не дозволат она што ќе го остави актуелниот американски претседател, Барак Обама, да падне во рацете на нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поранешната државна секретарка изјави дека не смее да се загрози ветувањето, потенцијалот и сонот на Соединетите Американски Држави „на начин тие да се дадат на оние кои го поттикнуваат гласот на омразата”. Потсетувајќи на крајот на годината, кога мандатот на Обама се движи кон својот крај, Клинтон истакна дека обединувањето на САД сега е најважното прашање.
Инаку, во моментот Трамп води на републиканските партиски избори со победа во пет американски држави, додека во гласањето на демократите моментална победничка е Хилари Клинтон, која е пред својот партиски колега Берни Сандерс.
Ривалството особено се „заострува” пред претстојните избори во Калифорнија на 7-ми јуни. Токму изборите во оваа сојузна држава се сметаат за најважни.