Cüneyt Karadağ
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
БЕРЛИН (АА) - Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, тврди дека бегалската криза ќе биде надмината и дека таа нема да доведе до поделби во Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за геманскиот весник "Bild am Sontag", Курц рече дека бегалскиот бран сигурно ќе биде сопрен и дека тој проблем ќе биде решен на „сеевропски начин”
Коментирајќи го затворањето на македонската граница, Курц рече дека Македонија презела голема одговорност, бидејќи Грција не можела да го запре бранот бегалци. Тој тврди дека би било голема грешка доколку повторно се дозволи неконтролиран бран на луѓе кон Централна Европа.
„Границите мора да останат затворени, а можат да се отворат дури откога ќе биде запрен бегласкиот бран. Болката и ужасот што се случува во Македонија би требало да ги освестат луѓето дека вложиле надеж во погрешни нешта. Мораме на тие луѓе искрено да им порачаме дека не можат да доаѓаат во Централна Европа”, рече Курц.
Осврнувајќи се и на соработката помеѓу Европската унија и Турција во тој контекст, Курц изрази надеж дека на самитот на ЕУ идната недела, ќе биде заклучен договорот помеѓу Брисел и Анкара.
„Договорот со Турција е дел од сеевропското решение за бегалската криза. Треба да им се помогне на бегалците во Грција, но не може да им се дозволи да доаѓаат во Германија и Австрија. На тој начин ќе се намали бегалскиот бран, бидејќи никој не доаѓа на Лесбос за да живее таму”, рече Курц.
Австрискиот министер за надворешни работи Курц, исто така рече дека преговорите на Европската унија со Турција за прашањето на бегалската криза и интеграцијата на Турција во ЕУ се две одвоени ставки и дека критериумите за членство во Унијата се познатиза секој кој сака да ѝ се придружи.
Коментирајќи го прашањето на распределбата на пристигнатите бегалци во Европа, Курц рече дека распределбата на бегалците по одредени квоти е можна дури кога ќе се запре приливот на нови бегалци.