Sarp Özer
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Република Турција и Република Северна Македонија потпишаа Договор за воено-финансиска соработка и Протокол за имплементација на парична помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, ги продолжува своите состаноци во рамките на 15-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF'21), што го отвори претседателот Реџеп Таип Ердоган.
На средбата на Акар со министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, потпишан е Договор за воена финансиска соработка и Протокол за имплементација на парична помош меѓу Турција и Северна Македонија.
Министерката Шекеринска престојуваше во еднодневна посета на Турција и присуствуваше на отворањето на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија IDEF 21 кој се одржува во Истанбул од 17-20 август.