Hale Türkeş
26 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
КИЕВ (АА) – Украина им забрани на руските авиони да го користат нејзиниот воздушен простор, кажа вчера премиерот Арсениј Јацењук, јавува Andolu Аgency (АА).
„Украинската влада реши да ги забрани сите транзитни летови за сите руски авио- компании во украинскиот воздушен простор“, изјави на состанокот на владата во Киев.
На руските авиони минатиот месец им беше забрането користењето на украинските аеродроми но им беше дозволено летање над нејзината територија.
Јацењук рече дека владата, исто така, решила да го сопре купувањето природен гас од Русија, отфрлајќи ја претходната изјава од Газпром дека гигантот ја сопрел испораката поради неплаќање.
„Погрешно“, рече тој. „Не е поради тоа што тие не ни испорачуваат гас, туку ние не купуваме веќе гас од нив.“ Јацењук изјави дека Украина може да купува поефтин гас од Европа и ја намали потрошувачката за 20 проценти.
Тензиите помеѓу двете поранешни советски републики пораснаа откако Русија го присвои Крим, минатата година, по што започна про-руски сепаратистички конфликт во источна Украина.